(Видео) Акробат ја испушти партнерката од трапез, публиката во шок

Жирито и публиката на популарното шоу „Америка има талент“ се воодушевуваа од точката на двајца акробати – маж и жена. Но вистинскиот шок настана кога акробатот ја испушти партнерката додека беа на трапез на голема височина.

Полуслепиот Тајс ја испушти од раце неговата сопруга Мери додека висеа на трапез по што таа падна на сцената. Кога му се лизна од раце, Тајс се обиде да ја фати за стопалото, но не успеа. Во публиката била мајка ѝ на Мери и нивниот двегодишен син.

За среќа, Мери падна на сунѓер што ѝ го ублажи падот. Таа по падот стана и ѝ се поклони на публиката по што доби аплауз.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари