Меѓу нив има особено вредни верверички, кои секоја година изненадуваат возачи во Америка. Оваа година, сопственикот на Subaru Forester бил изненаден кога нашол ни помалку ни повеќе туку 558 ореви под хаубата.

Сопственичката на Субару, Кетлин Лафорс, е членка на ФБ групата Wild Green Memes for Ecological Fiends, и вели дека била отсутна само седум дена. Една недела одмор била и недела за напорна работа за верверицата, која за рекордно време направила магацин од Субару.

Да потсетиме, сличен настан беше забележан и минатата година, кога сопственикот на Шевролет извлече дури седум кофи со ореви или околу 70 килограми од моторниот простор. Не е познато дали ѝ вратил дел од уловот на верверицата.

Во врска со случајот со Субару, верверицата дефинитивно добро се снашла. Лафорс вели дека верверицата била избркана од автомобилот, но останала со поголемиот дел од оревите, што морала да ги премести на посоодветна локација.

„Сè уште се чувствувам ужасно затоа што ѝ ја уништив целата напорна работа“, напишала ЛаФорс и брзо собрала илјадници реакции и коментари.