logo
logo
logo

Верувале или не, постои племе КАДЕ ЖЕНИТЕ СЕ ГЛАВНИ И БИРААТ СО КОГО ЌЕ СПИЈАТ

Vecer | 26.05.2021

Верувале или не, постои племе КАДЕ ЖЕНИТЕ СЕ ГЛАВНИ И БИРААТ СО КОГО ЌЕ СПИЈАТ

Низ најголемата пустина во светот, Сахара живеат околу два милиони жители Туарези кои се племенски народ познат по својата сина облека кои талкаат низ пустината. Тие се главните жители на внатрешноста на Сахара во Северна Африка.

Тие се номади и често може да се најдат во повеќето држави од тој дел. Но, не се специфични само по тоа туку и по слободата што ја уживаат нивните жени, кои можат буквално да ги менуваат љубовниците секој ден, а покрај тоа, мажот може да јаде пред жена само ако е нејзин љубовник.

Туарезите се дел од берберските народи и претежно се од муслиманска вероисповед.

Сепак, за разлика од многу други исламски општества, повеќето жени не носат  марами, т.е. не го кријат лицето во јавност затоа што мажите сакаат да ги видат нивните убави лица.

Наместо тоа, мажите ги покриваат своите лица, па оттука и прекарот - сините луѓе на Сахара. Имено, индиго-бојата на облеката и турбаните ја обојуваат нивната кожа, која со текот на времето станува синкава.

Туарезите не се како другите племиња токму поради статусот што го уживаат нивните жени. Тие можат да имаат секс дури и пред бракот, што не е многу вообичаено во слични култури. Покрај тоа, тие можат слободно да имаат повеќе љубовници, се додека се придржуваат до строгите правила за приватност што важат во нивното општество.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk