logo
logo
logo

Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто

Vecer | 19.02.2025

Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто

 Тоа е највисоко ниво забележано од почетокот на следењето на небесните тела.

Според францускиот весник „Фигаро“, овој астероид се проценува дека е широк меѓу 40 и 90 метри, а постои веројатност да ја погоди нашата планета на 22 декември 2032 година, како што покажуваат пресметките на научниците. Неговото влијание, потенцијално, може да уништи цел град - мегалополис. Ваквите предвидувања, сепак, треба да се земат со одредена резерва, бидејќи се засноваат на променливи податоци, посочуваат стручњаците.

Научниците предупредуваат дека астероидот треба внимателно да се следи, бидејќи, според сегашните проценки, последиците од таквиот можен удар би можеле да бидат 500 пати посилни од нуклеарната бомба фрлена врз Хирошима во Јапонија во Втората светска војна.

Ударот би можел да предизвика и цунами ако е близу остров или брег.

Стручњаци од Европската вселенска агенција - ЕСА велат дека астероидот најверојатно безопасно ќе мине покрај Земјата, но можниот удар сѐ уште не може целосно да се исклучи, пренесува списанието „Скај ет најт“. Според наводите, сѐ уште е рано да се утврди каде точно на Земјата би можел да удри астероидот. Научниците сметаат на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за попрецизно набљудување и проценки следниве месеци.

Претпоставките говорат и дека патеката на вселенското тело, всушност, ќе го оддалечи од Земјата и тоа ќе исчезне од опсегот на нашите телескопи токму наредниве месеци, а тоа повторно ќе стане видливо за Земјаните во 2028 година.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk