logo
logo
logo

Венеција се справува со огромниот број туристи- се воведуваат билети за влез

Vecer | 02.07.2022

Венеција се справува со огромниот број туристи- се воведуваат билети за влез

Одредбата ќе почне да се применува од 16 јануари, а е донесена со цел да се контролира бројот на посетители, особено во текот на сезоната.

Локалното население долго време го критикува градот поради масовниот туризам, кој создава огромна гужва околу најпопуларните градски знаменитости и го отежнува движењето низ тесните улички.

Пред пандемијата, беше невообичаено над сто илјади посетители да го посетуваат градот секој ден. Градските власти сега сакаат да го намалат бројот на патниците на еден ден и посетителите од крузерите кои во најголем дел не придонесуваат многу за локалната економија.

Жителите на провинцијата Венето, луѓето родени во Венеција и секој кој резервирал сместување во градот нема да треба да купуваат билет.

Цената на билетите ќе варира до максимум десет евра по лице, а оние што ќе резервираат порано ќе плаќаат пониска цена. Посетителите ќе треба да резервираат билети преку интернет пред да пристигнат, додека оние кои ќе влезат во градот без билет ќе платат казна од педесет до сто евра.

Од септември цените на билетите за градските музеи и водените автобуси, таканаречените вапорети, ќе се зголемат доколку не се резервираат онлајн. Овој потег има за цел да ги навикне посетителите да ги планираат своите патувања пред да бидат воведени билетите за посетителите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk