logo
logo
logo

Велосипедист и` покажал среден прст на Австралијка, го прегазила и добила 10 години затвор

Vecer | 29.11.2021

Велосипедист и` покажал среден прст на Австралијка, го прегазила и добила 10 години затвор

Џоан Мари Меколи (49) се налутила кога велосипедистот Шуи Ки Чан (25) и` го покажал средниот прст на автопатот кај Гатон во август 2012 година. Таа бесна излегла од автопатот, почнала да го брка и на крајот го прегазила.

Ки Чан, државјанин на Хонг Конг, се враќал дома од работа во моментот на инцидентот. Работел во блискиот ресторан.

Меколи тврдела дека имала намера само да го „уплаши“, но дека изгубила контрола над возилото и го удрила 25-годишникот. Телото на Ки Чан било пронајдено следното утро. Според обдукцијата, тој починал поради загуба на крв и хипотермија.

Меколи не била обвинета за убиство поради несоодветна полициска истрага до јуни оваа година, пишува The Guardian.

Во изминатите десет години, Меколи наводно се фалела пред многу луѓе - пријатели, семејство и соработници - за ноќта кога го убила велосипедистот.

Австралијката денеска пред судот ја признала вината и била осудена на десет години затвор. По пресудата почнала да плаче и не сакала да ја напушти судницата, па затворските службеници морале да ја одвлечкаат. Правото на условна казна ќе го стекне во јули 2026 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk