За некои мажи, бракот е обврска од која тие бегаат главно без размислување, и судејќи според она што го велат ѕвездите, мажите кои се родени во овие три хороскопи тешко дека ќе ги убеди некој да застанат пред олтарот

Водолија

Тие ја сакаат слободата повеќе од што било и не затоа што нема да се откажат од неа. Ова не значи дека тие не се способни за љубов, напротив. Во љубовта се посветени, лојални и верни. Тие се стремат кон стабилност во љубовта, склони се кон долги врски и тешко е да одлучат да раскинат.

Сепак, тие не се приврзаници на бракот. Ако стапат во брак, тоа го прават многу млади и во тој случај ретко одлучуваат да се разведат.

Близнаци

Тие се вечни деца, секогаш бараат нова возбуда. Тие се склони кон флерт и имаат многу високи стандарди во љубовта. Не се лесни за припитомување и тешко можат да го замислат животот покрај жена. Меѓутоа, кога навистина ќе се заљубат, а може да ги привлече само силна и интелигентна жена, тогаш тие се верни и лојални.

Ги краси неодолив шарм и имаат многу врски во животот, но тие обично никогаш не го кажуваат судбоносното „да“. За да ги освоите мора да бидете независни и мистериозни.

Стрелец

Непоправливи оптимисти и вечни момчиња кои на светот гледаат место на забава, авантура и предизвик. Тие сакаат патувања и слобода и ретко се подготвени за компромиси што ги носи заедничкото живеење. Тие се нежни и грижливи партнери, знаат да бидат романтични, но бракот едноставно не е за нив.

Ако сакате да придобиете маж Стрелец, мора да бидете тактични, бидејќи само така ќе успеете да го привлечете нивното внимание.