Настан како во акцинен филм

Вакво нешто ретко се гледа: Спасено дете кое висело на четврти кат (Видео)

Преку балконите, во паркур стил, се качил на четврти кат и го вратил детето на сигурно

Момче од Париз стана вистински хит на социјалните мрежи, но и херој кој го ризикуваше сопствениот живот за да спаси дете кое висело на четврти кат.

Тој преку балконите, во паркур (човек што не се плаши од смрт) стил, се качил на четврти кат и го вратил детето на сигурно додека насобраните луѓе ракоплескале.

Детето без надзор се качило на оградата на балконот, а момчето тоа го забележал од улицата и без двоумење тргнал во акција за спасување.

На крај двајцата завршиле во Брза помош поради претрпен страв.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари