logo
logo
logo

ВАКА ЌЕ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛАЖНИ ПРИЈАТЕЛИ: Вакви луѓе не ви требаат

Vecer | 15.01.2022

ВАКА ЌЕ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛАЖНИ ПРИЈАТЕЛИ: Вакви луѓе не ви требаат

Замислете да имате пријателка што многу ја сакате, да и доверувате тајни, да сте спремни да направите се за неа, а таа негува негативни чувства кон вас.

Психолозите тврдат дека постојат знаци кои може да укажуваат на тоа дека сме опкружени со неискрени пријатели. Обрнете внимание на следните работи, тие можат да ви помогнат да откриете дали вашите пријатели се навистина пријатели.

Кога и е тешко, таа е во состојба да ви се јави по сто пати на ден. Меѓутоа, кога ви треба рамо за плачење, никаде ја нема.

Внатрешното чувство ви кажува дека не треба да и верувате. Слушајте го вашиот внатрешен глас дури и кога не можете да најдете рационално објаснување за тоа.

Често ви дава коментари поради кои се чувствувате лошо

Кога сте среќни, таа не е, но кога ви се случуваат лоши работи, таа цвета.

Кога ќе размислите, сфаќате дека сите ваши разговори се вртат околу неа, нејзините проблеми, нејзиниот живот, а вие сте секогаш во втор план

Сте ја слушнале како озборува и зборува за други зад грб.

На социјалните мрежи пишува суптилни навреди за вас и другите заеднички пријатели. Таа има негативен коментар за секој ваш статус.

Забележувате дека повеќе не сте опуштени во разговорот со неа и дека треба да внимавате што зборувате, а што не.

Зборува со вас како да сте мало дете, не ве сфаќа сериозно.

Не брза да одговори на вашите пораки, мејлови, повици, освен кога нешто и треба.

Толку многу ве критикува  што често се прашувате на чија страна е.

Можеби е прониклива, но во исто време нетактична (како воопшто да нема сочувство). Кога ќе и верувате, таа ќе ви даде многу совети за да ве убеди дека всушност грешите.

Ја уништува секоја добра вест што ќе ја споделите со неа. Ако сте ослабеле три килограми, таа ќе се обиде да ви спомне (на шега) дека треба да ослабете исто толку ако не сакате мажот да ве остави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk