logo
logo
logo

Вагинални пропорции: Што е мало, а што големо?!

Vecer | 15.09.2021

Вагинални пропорции: Што е мало, а што големо?!

Вагината е мускул кој, како и сите други во телото, се стега и релаксира. Опуштањето настанува поради недостаток на вежбање и породување, а најпознати се Кегеловите вежби кои ги зајакнуваат нејзините мускули. Сите вагини се шират за време на сексот, а бројот на сексуални односи не влијае на големината. Според една студија на повеќе од 200 жени, вагиналниот канал е во просек долг 9,6 см (како големината на сјајот за усни) и широк 2,5 до 3,5 см.

Големи усни

Спаѓа во надворешните делови на вулвата кои што ја штитат вагината и ги опкружуваат малите усни. Големите усни се во просек долги околу 8,1 см - што одговара на големината на просечен лак за нокти. Сепак, опсегот на големината е многу поголем од тоа - во студијата изнесува  од 4,5 до 11,5 см. Големината на усните нема никаква врска со големината на вагината, а интересно е дека усните се намалуваат со возраста на жената.

Мали усни

Внатрешните усни, кои го опкружуваат самиот отвор на вагината, може да имаат различна широчина на левата и десната страна. Левата мала усна е широка околу два сантиметра, а десната е околу еден сантиметар и девет милиметра. Просечната должина на левата страна изнесува четири сантиметра, а просечната должина на десната страна е околу три сантиметри и осум милиметри.

Клиторис

Просечната широчина на клиторисот е околу 0.8 сантиметра, а просечната должина се движи од два милиметра до два ипол сантиметра. Големината на клиторисот нема никакво влијание на интензитетот на задоволството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk