logo
logo
logo

Ужас во Канада: Мајка си го заборавила детето во прегреан автомобил, починало (ВИДЕО)

Vecer | 29.06.2022

Ужас во Канада: Мајка си го заборавила детето во прегреан автомобил, починало (ВИДЕО)

Канадскиот градоначалник на Банкрофт, Пол Џенкинс, го потврдил идентитетот на момчето. Станува збор за 23-месечниот Еверет Смит кој починал минатиот четврток откако бил оставен во автомобил пред гимназијата каде неговата мајка работела како професорка.

Според градоначалникот, мајката имала намера да го остави синот во градинка пред да оди на работа минатиот четврток. Џенкинс вели дека никој не забележал дека Еверет се уште бил во автомобилот паркиран на училишниот паркинг на Мок Роуд до крајот на училишниот ден, околу 15:45 часот.

Поголемиот дел од јужниот дел на Онтарио бил под предупредување за жештина тој ден, со температури до 30 степени. Максималната температура забележана тој ден во Банкрофт била 27,1 Целзиусов степен. Момчето со возило на Брза помош било пренесено во болница и набрзо била констатирана смрт, објавија локалните медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk