УЖАС: наместо перница под главата му ја ставиле неговата отсечена нога

Двајца лекари во државната болница во индискиот град Џанси се суспендирани, откако било откриено дека на 28-годишен пациент, жртва на сообраќајна несреќа, наместо перница, под главата му ја ставиле неговата отсечена нога.

Роднините на тешко повредениот чистач на училишен автобус, кој по несреќата бил префрлен во болница заедно со 25 повредени деца, рекле за индиската телевизија НДТВ, дека болничкиот персонал ги игнорирал нивните барања да му дадат перница на пациентот.

Директорот на болницата, Садна Каушник за агенцијата РТИ рекол дека на пациентот веднаш му било укажана помош, а дека ногата под неговата глава ја ставил еден од неговите роднини.

Властите во државата Утар Прадеш наредиле истрага за инцидентот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари