logo
logo
logo

Утре е Ѓурѓовден - ОВА СЕ ОБИЧАИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 05.05.2021

Утре е Ѓурѓовден - ОВА СЕ ОБИЧАИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Утре е Ѓурѓовден, кој во Македонија не го празнуваат само христијанските верници туку целото население. Празникот отсекогаш имал голема традиција на овие простори.

Ѓурѓовден после Велигден е најголемиот христијански празник во пролетниот циклус и посветен е на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.

Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и други.

Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве бoли цела година.

Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лoши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk