Со смртта на кралицата Елизабета II, нејзиниот син, кралот Чарлс III се искачи на тронот, а Камила стана кралица. Сега кога Камила ја презеде функцијата, постои можност таа да стави крај на една од омилените кралски традиции на кралицата - дворски дами, пишува The List.
Кралицата Елизабета II во својата изјава за платинестиот јубилеј напиша: „Кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека и на неговата сопруга Камила ќе и ја дадете истата поддршка како што ми ја дадовте мене. И мојата искрена желба е тоа, кога за тоа ќе дојде време, Камила ќе биде позната како сопруга на кралот и на тој начин ќе ја продолжи својата верна служба“.
Сега кога дојде тоа време, многумина се запрашаа каква кралица ќе биде Камила. Кралскиот биограф Џајлс Брандрет верува дека како што принцот Филип бил „сила и поддршка на кралицата Елизабета“, Камила ќе ја игра истата улога за Чарлс.
Без дворски дами
Еден од начините на кој Камила би можела да го поддржи кралот Чарлс за време на неговото владеење се неговите планови да ја намали монархијата. Имајќи го тоа на ум, се шпекулира дека таа би можела да ја уништи долгогодишната традиција што ја сакаше кралицата Елизабета II - дворски дами.
За време на 70-годишното владеење на Елизабета, таа секогаш имала група жени кои ѝ помагале во сè, од берење цвеќиња на настани и извршување на обврски до справување со административни задачи и помагање околу нејзината гардероба.
Овие жени потекнуваат од богати семејства и не се платени за своите обврски. Пред нејзината смрт, кралицата Елизабета имаше пет дворски дами: дама Мери Морисон, лејди Елизабет Лиминг, Сузан Роудс, Дама Анабел Вајтхед и лејди Сузан Хуси.
И Кејт ја одбила понудата
Сепак, додека Камила и Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, добија можност да имаат свои дворски дами кога ќе се венчаат со некој од кралското семејство, ниту една не ја прифати понудата.
Сега кога Камила е кралица, изворите велат дека таа најверојатно ќе продолжи без традицијата, особено затоа што се очекуваат отпуштања во Кларенс Хаус, поранешната резиденција на Чарлс и Камила, пишуваат странските медиуми.