logo
logo
logo

Урбани џентлмени со олтајмери ќе дефилираат во чест на машкото здравје

Vecer | 25.09.2022

Урбани џентлмени со олтајмери ќе дефилираат во чест на машкото здравје

Урбаните џентлмени со нивните олтајмери годинава повторно ќе се обидат да ја подигнат свеста за машкото здравје и да соберат средства за борба против рак на простата.

Дефилето ќе почне точно на пладне од централното градско подрачје од каде учесниците ќе се упатат кон археолошкиот локалитет Стоби, каде е организирано разгледување на локалитетиот по што карванот ќе продолжи кон винаријата Стоби.

– Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска. Минатата година, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните авотмобили и модата во борбата против машките болести, вели Игор Стефановски, претседател на македонското здружение „Gentleman’s Crew“.

Минатата година, на глобално ниво за борба против ракот на простата се собрани над 200,000 долари. Глобално во настанот се вклучија над 143 градови ширум светот, во 54 држави./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk