logo
logo
logo

УНИЦЕФ: Речиси 850 деца во ризик во североисточна Сирија

Vecer | 24.01.2022

УНИЦЕФ: Речиси 850 деца во ризик во североисточна Сирија

Интензивирање на насилството во ал-Хасаке, стави 850 притворени деца во сериозен ризик, изјави во текот на вчерашниот ден, претставникот на организацијата во Сирија, Виктор Нилунд. Наводно, некои од децата имаат само 12 години.

Според извештаите, над 100 лица се убиени, а илјадници раселени во тековното насилство околу затворот Геверан.

Нилунд повика за ослободување на децата од затвор. Според него, околу 10.000 деца и нивните мајки се наоѓаат во притворни центри или логори. Тие доаѓаат од над 60 земји и се борат да ги преживеат лошите услови и тешката зима. Тој додаде дека децата се „критично ранливи и неопходна им е заштита".

Ал-Хасаке се наоѓа на северо-источниот дел на земјата разурната од војна, која е под контрола на сириските Курди. Курдиски медиуми соопштија дека околу 5.000 поддржувачи на терористичката „Исламска држава" неодамна беа затворени во тамошниот затвор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk