Креветот е влезна врата во Холивуд

Ума Турман: Мојата кариера почна со напаствување и обљуба на 16 години

Актерката Ума Турман откри какви непријатни искуства имала со Харви Вајнстин но и дека била силувана од еден актер кога била тинејџер. Раскажа за нејзината непријатна средба со Харви Вајнстин во текстот објавен во „Њујорк тајмс".

Силувањето се случило кога имала само 16 години, на почетокот на нејзината актерска кариера.

Таа го запознала актерот, чие име не го откри, освен дека бил 20 години постар од неа, во еден ноќен клуб на Менхетн и била нападната кога дошле кај него дома на уште една пијачка.

„Се трудев да го одбијам, плачев, направив сѐ што можев. Ми кажа дека вратата е заклучена, но не се обидов да проверам. Кога дојдов дома, застанав пред огледало, ги погледнав рацете и бев лута што не се крвави или во модринки", напиша Турман.

Обвинувањата кон Вајнстин датираат од времето кога го снимала својот најголем хит „Пеколен шунд" во 1994 година, а инцидентот се случил во лондонскиот хотел „Савој".

„Ме турна на кревет и ми се пушти. Направи разноразни непријатни работи. Сепак, не ме принуди на ништо", откри 47-годишната Турман во текстот насловен „Еве зошто Ума Турман е гневна".

Поврзани

Најнови вести

Коментари