logo
logo
logo

Украинка им дошла дома, А ЗАМИНАЛА ОТКАКО ГО СОБРАЛА И МАЖОТ СО СЕБЕ

Vecer | 21.05.2022

Украинка им дошла дома, А ЗАМИНАЛА ОТКАКО ГО СОБРАЛА И МАЖОТ СО СЕБЕ

Таткото на две деца го оставил својот долгогодишен партнер откако се заљубил во 22-годишна Украинка,  бегалец која дошла да живее кај нив за да избега од војната, пишува британскиот Дејли Мејл.

Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примија Софија Каркадим на почетокот на мај, но само 10 дена подоцна нивниот навидум среќен брак се распадна кога тој избега со Украинката.

Тони работи како чувар, живее во Бредфорд, и вели се заљубил во 22-годишната девојка и дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Софија, која побегна од Лавов во западна Украина, рече дека Тони и се допаднал веднаш штом го видела и дека парот ја живее својата „љубовна приказна“.

Семејството ја прифатило Софија затоа што сакале „да ја направат вистинската работа“ и да им понудат сместување на бегалците од Украина. Софија била првата личност меќу бегалците што стапила во контакт со нив.

Софија, која работи како ИТ менаџер, отпатува за Манчестер на 4 мај по неколку недели чекање во Берлин за да добие виза за Обединетото Кралство. Тони изјавил дека тој и Софија брзо се поврзале, а на ќерките им се допаѓала, но не и на партнерката со којатој е во брак 10 години. Тони го искористи своето познавање на словачкиот јазик за да постигне комуникација со Софија, поради што сопругата Лорна се чувствува исклучено и инфериорно.

Како што одминувало времето, Софија почнала да оди во теретана со Тони и парот се зближил, што многу ја изнервирало Лорна.

Работите се искомплицирале по експлозивна расправија по која Софија во солзи изјавила дека повеќе не може да живее во иста куќа со Лорна. Тони рекол дека во тој момент „нешто му кликнало“ и дека и рекол на Лорна: „Ако таа оди, одам и јас“.

Новиот пар, Тони и Софија, потоа се преселил кај родителите на Тони и сега бараат куќа за себе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk