logo
logo
logo

Уклучила Google Earth и ја нашла својата умрена баба како ужива во дворот на нејзината куќа

Vecer | 11.02.2021

Уклучила Google Earth и ја нашла својата умрена баба како ужива во дворот на нејзината куќа

За многумина од нас Google Earth служи како алатка за истражување на градови, региони или за навигација. Но за една корисничка на ТикТок искуството со оваа апликација било сосема поинакво.

Впрочем, таа ја пребарувала улицата на својата покојна баба и на сликата која и се појавила на Google Earth ја видела својата баба како седи во дворот на својата куќа.

Впрочем, бабата на оваа Тиктокерка починала пред неколку години.

Баба ми почина во 2019 година, а сега на Google Earth седи надвор во својот двор и ужива во прекрасниот летен ден, напишала таа.

Нејзината објава ја виделе повеќе од 300 илјади луѓе и била инспирација на стотици луѓе да тргнат во “Google Earth потрага” по своите најблиски.

Па така, друг корисник кој го изгубил својот дедо како последица на коронавирус го пронашол на Google Earth како ја коси тревата во својот двор.

-Дедо ми почина како последица на коронавирусот минатата недела. Ти благодарам на идејата, толку сум среќен дека го пронајдов, напишал тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk