logo
logo
logo

Твитер се согласил да плати 150 милиони долари поради проблем со заштита на личните податоци

Vecer | 26.05.2022

Твитер се согласил да плати 150 милиони долари поради проблем со заштита на личните податоци

Владата на САД ја обвинува социјалната платформа дека ги прекршила одредбите на Федералната трговска комисија, со тоа што ги доведувала своите корисници во заблуда за степенот до кој ги заштитила нејавните информации, поврзани со нивните лични податоци.

Во жалбата, поднесена вчера во судот во Калифорнија, се тврди оти Твитер ги известил корисниците за собирање лични податоци – број на телефони и мејл адреси, за да ја гарантира безбедноста на нивните профили, но, не ги информирал дека овие податоци ќе се користат и за таргетирани реклами.

Станува збор за перид од мај 2013 до септември 2019 година.

Се тврди и дека Твитер лажел за придржување до принципите за заштита на приватноста, договорени меѓу САД и ЕУ, како и САД и Швајцарија, забранувајќи им на компаниите да обработуваат информации за потрошувачите на начин, на кој тие не се согласиле.

Нелегалното практикување на Твитер погоди повеќе од 140 милиони корисници и на компанијата и донесе многу големи приходи. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk