Твиги изгледа одлично и на 69 години

Најпознатата моделка на шеесеттите години и една од најпознатите во историјата на модната индустрија, Лесли Лосон, позната како Твиги, го спрослави својот 69. роденден. Поради нејзиниот изглед на многу слаба девојка стана популарна во целиот свет и благодарение на тоа го доби прекарот што секој го знае денес.

По завршувањето на нејзината кариера на моделка, Твиги не го напушти јавниот живот. Таа стана релативно успешна актерка, а исто така се обиде и како пејачка.

Твиги изгледа толку добро на 69 години, а нејзината фигура е слична на онаа што ја прослави пред шеесет години. Во една пригода, на врвот од својата кариера, таа изјави дека себеси воопшто не се сметала за убава и дека била позната само затоа што била слаба.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари