Турист објавил снимка од плажа на Инстаграм и добил казна од 1 500 долари

Турист кој на Инстаграм објавил видео на кое се пофалил дека погалил фока на Хаваите, наскоро ќе зажали поради ваквиот свој потег.

Имено, набрзо по објавувањето на снимката тој добил парична казна од 1 500 долари, откако властите поради неговата објава му го дознале идентитетот.

Туристот од Алабама видеото на Инстаграм го објавил со назнака #monkseals, а на истото се гледа како навечер доаѓа на плажата Поипу, каде што спијат фоките, а пристапот за туристи е забранет.

Тој погалил една од фоките, но кога се свртела кон него, побегнал.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари