Само е Холивуд пред нив

Турците се светски вицешампиони по продажба на серии

Турските телевизиски серии се гледаат во речиси 100 држави во светот, а Турција се наоѓа на второ место, веднаш по САД, по продажба на серијали со заработувачка од 350 милиони долари, пишува весникот „Хуриет дејли њуз".

Истражувањето покажува дека Турците минуваат просечно по четири часа дневно пред телевизските екрани, а најгледани се турските теленовели. Турските серијали во последните години станаа многу популарни во јужноамериканските земји. Турција почна да пласира продукција дури и во држави кои се познати по теленовели, како што се Бразил и Мексико.

Гледачите од Блискиот Исток најмногу ги следат турските серијали во кои се опишува современиот живот на богаташите, во Јужна Америка најгледани се сериите во кои дејството се одвива во подалечното минато, а европските земји се заинтересирани за тематските серии. Турската продукција сега има цел да се пробие и на пазарите како Кина, Јапонија и Индија.

Според друго истражување, најгледана турска серија во светот е „Сулејман Величенствениот", на второ место е „Пепел од рози", а на трето се наоѓа „Илјада и една ноќ".

Поврзани

Најнови вести

Коментари