logo
logo
logo

Турчин влезе во Гинис ЗА НАЈДОЛГ НОС ВО СВЕТОТ од скоро 9 центиметри (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 01.12.2021

Турчин влезе во Гинис ЗА НАЈДОЛГ НОС ВО СВЕТОТ од скоро 9 центиметри (ФОТО+ВИДЕО)

Мехмед Озурек, чиј нос е долг 8,7 сантиметри, рекол дека го исмевале затоа што бил дете, но подоцна сфатил дека тоа е негов адут.

Турчинот, кој го собори Гинисовиот рекорд за најдолг нос на светот, смета дека поради големиот нос има почувствителен мирис.

-Пријателите ме викаа „нос“ за да ме нервираат. Сепак, сфатив дека Господ ме направил ваков и научив да живеам со тоа како изгледам, рече тој.

Озурек е убеден дека може подобро да ги детектира мирисите поради големиот нос.

На пример, кога ќе влезам дома, веднаш можам да кажам што се зготвило тој ден - додава тој.

Мехмед има и неколку трикови во ракавот, а еден од нив е дека може да дува балони со носот.

- Го сакам мојот нос. Господ ме благослови со тоа – рече тој.

Гинисовата книга на рекорди нема потврдени податоци за претходниот рекордер, но Томас Ведерс, циркузант кој живеел во Англија во 1770-тите, наводно имал нос долг неверојатни 19 сантиметри.

https://youtu.be/SS8i85nOcQo

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk