logo
logo
logo

Црни точки го прекрија небото над јужен Бразил, мештаните се разбегале (ВИДЕО)

Vecer | 04.02.2025

Црни точки го прекрија небото над јужен Бразил, мештаните се разбегале (ВИДЕО)

Тоа шокираше многу корисници на социјалните мрежи, а првично покажува чудни „црни точки“ на небото, пренесува NDTV.

Меѓутоа, кога ќе погледнете подобро, ќе сфатите дека милиони пајаци го „покриле“ небото, а изгледа како да „пловат“ во воздухот. Видеото е снимено од лице од општината Сао Томе дас Летрас.

„Пајаците го освоија небото над Бразил. Оваа апокалипса се случува секоја година од декември до март, за време на топло и влажно време во руралните области. Големи групи пајаци плетат мрежи, но нема опасност за луѓето“, тврди еден корисник.

И покрај морничавата глетка, особено ако страдате од арахнофобија, експертите истакнуваат дека тоа е природна појава.

Биологот Кеирон Пасос објаснува дека феноменот е предизвикан од огромна мрежа и стотици пајаци вклучени во ритуал на парење. Кога сите ќе завршат, се ослободуваат од мрежата, создавајќи илузија на „паѓање од небо“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk