logo
logo
logo

Црковна богослужба во чест на Св.Наум Охридски – Чудотворец

Vecer | 03.07.2022

Црковна богослужба во чест на Св.Наум Охридски – Чудотворец

Како што посочи пред верниците отец Јован Џаџовски, денеска меѓу другото се празнува денот посветен на светителот кој неуморно се трудел на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик.

-Денес драги браќа и сестри го прославуваме споменот за Преподобниот Наум Охридски, еден од првите ученици на словенските првоучители Светите Кирил и Методиј, брат и содружник на Свети Климент Охридски. За него повеќе се знае од неговите проповеданија како за Чудотворец, рече Џаџовски.

Скоро и да нема документ на Св.Климент во кој како што истакна отецот, а да не се споменува Св.Наум Охридски – Чудотворец.

-Големи чуда се случиле на неговиот манастир помагајки на сите оние кои ја побарале неговата помош. Нека ни е напомош денешниот празник, истакна Џаџовски.

Крстилницата посветена на „Св.Наум“, е дел од големата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево е осветена во 2013 година и од тогаш до денес во неа секоја година се служи литургија во чест на ученикот на сесловенските браќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk