logo
logo
logo

Трик заради кој НЕ ПОСТОИ ниту една лоша фотографија од Кејт Мидлтон!

Vecer | 05.08.2022

Трик заради кој НЕ ПОСТОИ ниту една лоша фотографија од Кејт Мидлтон!

Секој пат кога војвотката од Кембриџ  Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, излегува од палатата Кенсингтон, десетици фотографи се ројат околу неа, што ја прави една од најфотографираните жени во светот.

Во обавувањето на своите кралски должности, таа прави многу повеќе од само мавтање кон толпата - Кејт пред неколку дена учествуваше на едрење, таа игра фудбал, трча, танцува, ги воспитува децата, си игра со нив... Мислам дека во сите овие ситуации треба да се направи барем една лоша фотографија, но колку што знаеме Кејт Мидлтон се уште не е фотографирана да изгледа поинаку освен убаво.

 

 

Како е тоа воопшто можно?

ТикТокерката Миранда Холдер, позната англиска стилистка, се обиде да навлезе во тајните на Кејт Мидлтон и откри дека војвотката од Кембриџ секогаш изгледа грациозно, елегантно и заносно благодарение на само еден трик.

„Поминала медија обука, а јас ќе споделам со вас еден безобразен мал трик што таа го користи секој пат, без грешка“, истакнала Миранда.

Како што објаснила, Кејт никогаш не ја спушта главата надолу.

- Тренирана е секогаш да ја држи брадата паралелна со земјата. Не ја навалува надолу. Не ја навалува надолу и тоа е гаранција за добра фотографија секој пат, вели оваа стилистка.

 

@themirandaholder Try it and see! #katemiddleton #katemiddletonstyle #personalstylistonline #fashionover40 ♬ Cool Kids (Sped-Up Version) - Echosmith

Многумина се согласуваат со Миранда дека ова што го прави Кејт е ситница, но токму таа ја прави секогаш толку прекрасна, а еден од посимпатичните коментари под објавата е и ова: „Добро, помага и тоа што е неверојатно убава“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk