logo
logo
logo

Три работи КОИ МАЖИТЕ ГИ САКААТ ВО ВРСКАТА

Vecer | 29.11.2021

Три работи  КОИ МАЖИТЕ ГИ САКААТ ВО ВРСКАТА

Сите ние имаме многу различни идеи за животот. Овие согледувања се однесуваат на секојдневниот живот, работата, но и на сексуалниот живот. Затоа е важно да се најде сексуален партнер кој дели исти склоности и со кој меѓусебното почитување е на прво место. Сепак, постојат три работи што ги сакаат сите мажи.

Отвореност

Од една страна,  се работи за комуникација. Мажите сакаат жената да ги изразува своите желби и склоности за да можат и двете целосно да уживаат во својата страст. Од друга страна, се работи и за отвореност кон новото и непознатото. Се разбира, не се зборува за надминување на сопствените граници и тоа треба да биде многу јасно. Меѓутоа, зошто едноставно да не одговорите на предлогот или барањето на вашиот сексуален партнер и да не се обидете, под услов да не ви предизвика емоционална или физичка болка? После тоа, сепак можете сами да одлучите како се чувствувавте - можеби ве чека изненадување.

Автентичност

Автентичноста е неизмерно важна, а мажите ја ценат кога не се преправате, односно кога сте она што навистина сте. Ако се преправате и „глумите“, тоа може негативно да се одрази на вашиот сексуален живот.

Позитивно чувство кон телото

Дали е полесно да се каже отколку да се направи? Во секој случај, сепак, треба да бидете свесни дека мажите ценат одредена доза на самодоверба и дека не е забавно постојано да барате грешки во себе. И онака веќе лежите еден до друг, па ваљда ви е јасно дека сте му „секси“. Концентрирајте се на навистина важните работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk