logo
logo
logo

Три хороскопски знаци кои овој месец ги очекува ОГРОМЕН УСПЕХ

Vecer | 01.03.2021

Три хороскопски знаци кои овој месец ги очекува ОГРОМЕН УСПЕХ

Месец март е прекрасно време за остварување на вашите соништа.

Хороскопот за март открива кои знаци на Зодијакот го следат успехот, исполнувањето на амбициите и вредните награди.

Овен

На почетокот на март, вашата владејачка планета Марс се вселува во вашата куќа за комуникација и информации. Подготвени сте да ги искажете своите идеи и ставови, а овој транзит отстранува какво било сомневање и носи подобрена самодоверба. Посветете се на секојдневните обврски, работата, интеракцијата со колегите и состаноците. Енергијата на Марс ви носи вредни награди за секој напор. Вие сте совршени во тимската работа и се чувствувате целосно незапирливо на патот кон вашите цели. Прекрасно време е да ги бркате своите соништа и да ризикувате да ги остварите.

Девица

Во март ќе имате неверојатна сила и храброст. Дури и кога препреките се редат пред вас и ве обзема самокритика својствена на природата на вашиот знак, ќе можете да им одолеете на овие предизвици. Марс се преселува на полето за кариера од 3 март – ги истакнува вашите амбиции, ги намалува недостатоците и ве охрабрува да постапувате. Награди за работата од претходните месеци ве чекаат исто така. Тоа ќе значи големо признание на полето на вашата кариера, а вашата победа е што ќе ги избегнете перфекционистичките аспирации и ќе успеете да ги завршите сите задачи во утврдените рокови.

Вага

Март започнува полека и ви носи пријатна јасност. Ќе имате можност да се фокусирате на работата, здравјето и вредните рутини. Новата Месечина од 13 март го ослободува притисокот од секаков вид и ве охрабрува да ги составите приоритетите во вашиот живот. Од 15 март, кога Меркур ќе се пресели во Риби, преземате вредни активности, организирани сте и ги исполнувате обврските во полн капацитет. Наградите и успехот доаѓаат само на крајот на месецот кога полната месечина ќе влезе во вашиот хороскопски знак. Конечно чувствувате дека ги исполнивте сите ваши очекувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk