Три библиски пророштва најавуваат крај на светот (ВИДЕО)

Три необични случувања во светот, кои се случија во минатиот период покренаа тврдења дека библиските пророштва за крај на светот и доаѓањето на Месија може да бидат вистина.

Додека безброј теории на заговор за крајот на светот во претходните децении се покажаа како невистини, оваа теорија се заснова на неколку случувања. Според теоријата, почетокот на крајот ќе почне во 2021 година.

Првиот знак, како што пишува британски Сан, е раѓањето на првото црвено теле во Израел во последните 2.000 години. Ова суштество е спомнато во приказните за крај на светот и во христијанството и во јудаизмот.

Црвено теле

Пред само два месеци, сите медиуми пишуваа за црвеното теле кое е родено во Израел. Институтот за храна за ова соопшти преку социјалната мрежа Јутјуб и изјави дека телето и неговата мајка мораат да ги поминат сите прегледи на рабините експерти, кои утврдиле дека кандидатот е без мана.

Тогаш е речено дека црвеното тело носи ветување дека ќе се обнови библиското чистење на светот. Се смета дека жртвувањето на црвеното теле е многу важн за изградбата на третиот храм во Ерусалим, за кој некои теории тврдат дека може да влијае на враќањето на месијата и Судниот ден.

Риби во Мртвото море

Некои израелски медиуми јавуваат дека риби и други облици на живот постепено се појавуваат во Мрвото море. Досега големиот степен на салинитет во морето спречуваше можност за живот во него.

Научниците велат дека се шокирани од откритието за риби во морето кои досега не биле видени.
Језекиј, свештеник и пророк кој се наоѓа во Стариот завед предвидува дека Мртвото ќе прејде во „живo" во неговото пророштво за крајот на светот. Хебрејското пророштво за крајот на светот се заснова на тоа дека морето коа има околу 30 отсто салинитет ќе почне да го обновува животот.

Змија излегла од Западниот ѕид во Израел

Третото случување е веста за змија која е снимена како ползи на Ѕидот на плачот и предизвика паника меѓу верниците кои се молат.

Видеото кое е објавено го прикажува рептилот кој напаѓа гулаб. Поради тоа некои корисници на интернет пишуваат дека живееме во опасно време, но и оти тоа е знак дека пророштвото за нов Месија наскоро ќе се исполни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари