logo
logo
logo

Трамп жестоко за Хари и Меган: „Не ги сакаме повеќе“

Vecer | 08.08.2024

Трамп жестоко за Хари и Меган: „Не ги сакаме повеќе“

Ерик ги повторил тврдењата на неговиот татко дека војводата од Сасекс може да биде депортиран доколку Трамп победи на претседателските избори, пишува Дејли Мејл.

Додека Доналд Трамп продолжува со кампањата за претседателската функција, тој сугерираше дека принцот Хари би можел да биде депортиран доколку се открие дека принцот ги фалсификувал информациите во формуларот за виза.

Вториот син на поранешниот претседател, Ерик, изјави за GB News дека неговиот татко е силен сојузник на Велика Британија и го даде своето искрено мислење за војводата и војвотката од Сасекс.

„Можете да ги земете овие двајца (Меган и Хари), ние можеби веќе не ги сакаме, ми се чини дека тие се како на некој свој остров,“, рече тој.

„Секогаш можете да имате лоши актери во било што. Може да имате лоши јаболка во секој овоштарник“, додаде Ерик.

"Мајка ми (Ивана Трамп) ги знаеше со години и имаше одличен однос со Дијана. Институцијата на кралското семејство е убава и многу Американци и се восхитуваат. Треба да се заштити", истакнал синот на Доналд Трамп,  Ерик.

Инаку, поранешиот американски претседател Доналд Трамп е жесток критичар на Хари и Меган и верува дека тие ја предале кралицата. Кралската двојка објави во 2020 година дека ќе се повлече од кралските должности и ќе го напуштат Обединетото Кралство за да живее во Соединетите држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk