logo
logo
logo

ТРАГИЧЕН КРАЈ ЗА САМО 40 СЕКУНДИ: Како се случила првата смрт во вселената? (ВИДЕО)

Vecer | 18.09.2021

ТРАГИЧЕН КРАЈ ЗА САМО 40 СЕКУНДИ: Како се случила првата смрт во вселената? (ВИДЕО)

Советските космонаути Георѓи Добровољски, Владислав Волков и Виктор Пацајев тргнале на долго патување во вселената во 1971 година и стигнале на првата човечка вселенска станица “Салут 1”. Имено, тие биле првите луѓе кои пристигнале на вселенската станица но и единствените кои умреа во вселената.

Тие поминале 22 дена во Вселената и со тоа поставија рекорд за најдолго човечко живеење во Вселената. На пат кон дома тргнале на 20 јуни и нивната капсула успешно слетала во Казахстан. Но кога Советските техничари ја отвориле вратата на капсулата нашле мртовци. Телото на Добровољски се уште не било изладено, но сите тројца имале модринки на лицето и траги од крв околу носот и ушите.

Па од тука се поставило прашањето што се случило и зошто тројцата пилоти слетале мртви?

Во доцните 60ти и почетокот на 70те години од минатиов век, додека во САД биле испратени првите луѓе на Месечината, Советскиот Сојуз бил фокусиран многу поблиску до целта.

Тие биле фокусирани кон изградба на Вселенски станици во Земјината орбита кои би биле отскочна даска за долгорочен престој на луѓе во Вселената. Владимир Челомеј ја предводел советската вселенска индустрија и тој ја поставил визијата за вселенски станици и воени станици во близина на Земјината орбита. Сепак, неговиот сон наскоро ја најдминал и негова амбицииозна визија. Вселенските станици набрзо станале место каде се вршеле бројни експерименти за цивилна употреба, а воената употреба останала во втор план.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=MSPROvJ4eq4[/embed]

Црната кутија ја открила трагичната судбина

Салут 1, првата цивилна вселенска станица, дала мало навестување како ќе се одвива престојот во Вселената. Лансирањето било планирано за 12ти април 1971 година, кога било и 10 годишнината од летот на Јуриј Гагарин. Поради технички проблеми, Салут ја напушти Земјата една недела подоцна.

Откако Добровољски, Волков и Пацајев поминале 22 дена во Вселената и со тоа го поставиле рекордот за најдолгиот човечки престој надвор од атмосферата на Земјата, екипажот тргнал на пат кон дома и на прв поглед се изгледало нормално.

Меѓутоа откако биле пронајдени мртви, астронаутите од цел свет биле загрижени а една од можните теории кои циркулирала низ јавноста е дека луѓето едоставно не можат да живеат толку долго време во Вселената и дека количината на зрачење е смртоносно.

Истрагата открила дека еден вентил бил отворен и дошло до моментална декомпресија во просторот. Бидејќи во тоа време немало заштитна облека, вакумот ги убил сите тројца космонаути за само неколку секунди.

Црната кутија забележала дека биле потребни само 40 секунди до настапување на смртта на астронаутите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk