Трагедија на фронтменот на најпопуларната поп група: АББА беше светки феномен а тој не се сеќава на ништо!

На својот 13 роденден добива подарок електрична гитара што било прв чекор кон остварување на една успешна музичка кариера. 

Бјорн Кристијан Улвес е шведски пеач, музичар, гитарист, текстописец и еден од членовите на легендарната поп група на сите времиња – АББА.

Бјорн бил оженет со колешка од групата Агнета Фалтског во период помеѓу 1971 и 1979 и од тој брак имаат две деца – Кристина и Линда. Од вториот брак со Лена Калерс со која се оженил во 1981 има две деца Ема и Ана.

На својот 13 роденден добива подарок електрична гитара што било прв чекор кон остварување на една успешна музичка кариера. Уште како тинејџер бил член на The Hep Stars i The Hootenanny Singers.

Бјорн тука се запознава со Бен Андерсон. Младите музичари станале пријатели за време на излет на заеднички концерт со своите групи и во 1966 година започнуваат соработка.

Откако во 1970 година го објавиле албумот Lycka,, на снимањето на песмата "Hej gamle man" Бјорн и Бени ги носат своите девојки Ани-Фрид Лингстад и Агнета Фалтског да бидат пратечки вокали... АББА тогаш е родена.

Облека за која немора да се плаќа данок

На почеток на кариерата членовите на АББА пронашле "дупка" во законот – ако уметниците носат костими за настапи кои се "невероватни и нема да се носат по улица", за нив немора да се плати пораз. А во Шведска данокот бил доста висок

Бјорн сето тоа го напшал во својата автобиографија.

- По мое мислење, изгледавме како ненормални. Никој неможеше да се облече толку лошо на сцена како ние – напишал.

Приватен и професионален распоред

Агнет открила дека најомилена песма на АББА е "The Winner Takes It All'". Таа песма, имено Бјорг ја напишал после разводот со неа.

- Бјорн и ја напишал откако нашиот брак се распадна во 1980 година и тоа тогаш навистина ме погоди. Тажна е, но истовремено фантастична – рекла во една прилика пеачката.

Таа ретко се гледала со Бјорн – само за родендените на нивните деца.

Нивниот последен заеднички настап на кој го извеле својот зеднички синлг "Under Attack", се случил 11 декември 1982 година.

После АББА

Бјорн и Бени продолжиле заедно да соработуваат, а Агнет и Фрида си отишле секој по свој пат работејќи на соло албуми. Бени Андерсон од шведската влада добил почесно звање професор поради својата "способност да создава вредна музика за луѓето ширум светот".

Освен тоа, мјузиколот "Мама Миа", кој го напиша Бјорн Улвеус постигна голем успех. Мјузиклот стана хит на лондонскиот Вест Енду и на Бродвеј, а добил и пет номинации за наградата Тони.

Андерсон и Улваус исто така напишале епски мјузик "Kristina fran Duvemala" и "Chess", љубовна приказна која се случува за време на "Студената војна"

Интересно е да се спомене дека Бјорн кој е сопственик на ресторан го носи впечатливото име – Мама Миа.

Сепак, животот на Бјорн го бележа една голема несреќа. Пеачот во 2008 година признал дека пати од деменција – има трајно губење на паметење поради која неможе да се сети на бројни спомени од својот живот, па така и за најуспешните моменти од кариерата на АББА.

Поврзани

Најнови вести

Коментари