logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА го потресе домашниот моден свет: Почина манекенот Филип Алексовски

Vecer | 14.09.2021

ТРАГЕДИЈА го потресе домашниот моден свет: Почина манекенот Филип Алексовски

Почина Филип Алексовски, член на „Моделс Ин“, а веста за неговата смрт ја потврди и Алек Наумовски, првиот човек на агенцијата.

Филип на први октомври ќе наполнеше 28 години. Роден е во Скопје, а со манекенство почнал да се занимава во 2008 година. Беше често ангажиран, како што пишува Наумовски, поради специфичниот изглед со кој им пркосеше на стереотипите во модната индустрија.

- Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на „Моделс Ин“ повеќе од 10 години, вели Алек Наумовски за порталот „Stylist.mk“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk