logo
logo
logo

ТОП 6 модни комбинации кои ШИК изглед!

Vecer | 20.01.2022

ТОП 6 модни комбинации кои ШИК изглед!

Трикотажата и зимските денови секогаш оделе заедно, а оваа сезона до израз дојдоа џемперите во боја на ванила. Топли и меки, нежни и пријатни, станаа задолжителни во повеќето плакари.

1. Со фармерки

Плетената блуза со преклоп одлично ќе се вклопи со фармерки и чизми во повпечатлива боја.

2. Кардиган за спортски комбинации

Кардиганот во нежна ванила боја одлично се комбинира и во спортски варијанти. Одлично се вклопува со патики, пријатен е и удобен.

3. Плетено од глава до пети

Покрај џемперот, во модниот фокус се и плетените здолништа. Оваа комбинација порано беше резервирана само за дома, а сега дамите гордо ја носат и кога одат на работа или на кафе со пријателка.

4. Со бела кошула, за нежни романтични души

Мека, бела кошула, која ѕирка под романтично розов џемпер, ќе придонесе за лежерност. Се подразбира дека со оваа комбинација потребно е да имате топол капут.

5. Плетен елек со широк крој

Убавите варијанти вклучуваат волани, широки отвори со кратки ракави кои паѓаат до половина на рацете. За оваа комбинација ќе се одлучат храбрите дами.

6. За суво време во светли тонови

Кога времето е суво, плетен џемпер во комбинација со бели панталони ќе биде полн погодок.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk