logo
logo
logo

„ТОЈ ЧОВЕК БИЛ ВИСТИНСКИ КАСАП“ Франц Фердинанд уживал во садистичко мачење на животни

Vecer | 13.06.2021

„ТОЈ ЧОВЕК БИЛ ВИСТИНСКИ КАСАП“ Франц Фердинанд уживал во садистичко мачење на животни

Австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд, чиј атентат беше повод за избувнување на Првата светска војна, бил многу омразена личност.

Тој не бил ловец, туку страствен убиец и мачител на животни. Покрај лов на дивеч, тој уживал садистички да се изживува врз животните, па затоа е познато дека ги убивал садистички и сурово. Според познати историски податоци, тој убил повеќе од 5000 елени.

- Тој човек беше вистински касап, во педесет години колку што живееше, уби 274.899 животни, приближно 15 животни на ден - коментираат германските медиуми за дневникот што го водел Франц Фердинанд од 1892-1893 година.

На почетокот на оваа година, дневникот, во кој тој ревносно ги бележел своите злосторства против беспомошни суштества, беше објавен како книга со наслов „Локалните жители не оставија добар впечаток“. Сепак, еден ден тој сакаше да се испроба во убиство на бела дивокоза, чие убиство беше лоша карма за него и за многу други.

Имено, во околината на Салцбург се пренесувало од генерација на генерација легендата дека секој што ќе убие „бела дивокоза“ во таа област, ќе умре со природна или насилна смрт во рок од една година. И така, наследникот на австро-унгарскиот престол уби бела дивокоза во околината на Салцбург во 1913 година, а една година подоцна тој бил убиен од славниот Гаврило Принцип.

Пресметката е веројатно погрешна, бидејќи Франц Фердинанд сигурно не отишол да лови како бебе - ако претпоставиме дека започнал да лови само на возраст од да речеме 15 години, тогаш тоа значи дека убивал животни околу 7.854,3 годишно, или 654,5 месечно или 22,1 ден, односно дека пукал во што било што „не избегало на дрво или во морските длабочини“.

Бизарен факт е и дека Фердинанд додека бил на бродот на Хабсбуршката морнарица во периодот 1892-93 годинаво текот на едногодишните државнички посети низ светот од досада пукал на делфини од палубата, пишува страницата на Инстаграм „Низ историјата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk