logo
logo
logo

Тинејџер исчезна во море откако се обиде да спаси деца

Vecer | 27.07.2021

Тинејџер исчезна во море откако се обиде да спаси деца

18-годишниот Калум Озборн-Вард исчезна во морето во пристаништето Пул, Дорсет, откако се обиде да спаси група од 10 деца кои ги повлече силна морска струја.

Во спасувањето му помогнале и неговите родители, а три деца биле пренесени во болницата, пренесува Мирор.

Локалната полиција соопшти дека не можат да го пронајдат Калум и не знаат дали тој испливал на брегот и се изгубил или се уште е на море.

- Соработуваме со крајбрежната стража и РНЛИ при обемни потраги на вода и крајбрежјето и го повикувам секој што има каква било информација за тоа каде се наоѓа - или што гледа младо момче што одговара на горенаведениот опис - веднаш да не контактира - рече Главниот полициски инспектор во Дорсет Глен Доран.

Во тек е обемна операција за потрага, крајбрежната стража, полицијата, хеликоптер и локалното население со чамци го бараат Калум.

Постои мала песочна плажа во Пул Харбор која е популарно место за локалното население, а минатата недела две девојчиња беа спасени од скоро давење поради силната струја што ги влечеше во длабочините.

Во британските води дури 15 лица се удавиле во последните 2 недели. Крајбрежната стража ги предупреди граѓаните да бидат внимателни при пливање и секогаш да ја проверуваат временската прогноза за да се избегнат вакви трагедии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk