logo
logo
logo

Тиктокерка се обиде да исполни вирален предизвик, па заглави- доби 14 милиони прегледи (ВИДЕО)

Vecer | 29.03.2023

Тиктокерка се обиде да исполни вирален предизвик, па заглави- доби 14 милиони прегледи (ВИДЕО)

По безброј танцови предизвици, на социјалната мрежа се појави нов вирален предизвик, таканаречен „тренд на мобилност“.

Предизвикот се состои во кревање на нозете над главата додека виси во воздух, и, да, тоа не е за секого. Но, оваа 21-годишна девојка реши да го испроба предизвикот и се заглави во незгодна поза.

На видеото што го објави, тиктокерката виси од шипка, а откако ги подигна двете нозе на шипката, ја поместува левата нога и ја закачува преку раката, додека десната ѝ виси надолу. Токму во тој момент таа се заглави, а на нејзиното лице се гледа целосна паника.

Таа почна да се грче обидувајќи се да се извлече од позицијата, а по неколку непријатни секунди успеа да се преврти и безбедно да се симне.

„Само ќе го оставам ова овде“, се пошегува тиктокерката, а видеото откако е објавено собра 14,4 милиони прегледи.

@oliviacormier_ Im just gojng to leave this here 😂 #foryou #fyp #fail ♬ Spectrum - 🎶

„Не, срцето ми прескокна“, напиша еден тиктокер, додека друг додаде: „Не треба да се смеам, но, да, токму тоа го правам“.

Други сугерираа дека таа едноставно требало да се пушти и да падне од шипката штом се нашла во непријатна положба, но тоа не било баш паметна идеја.

„На сите оние кои велат „Само пушти се“, им велам дека не е така лесно“, рече едно лице во одбрана на Оливија.

„Би се обидел да слетам како Спајдермен и веројатно ќе завршеше лошо“, додаде тиктокерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk