logo
logo
logo

ТАЖНО: Купила половно палто, пораката што ја нашла во џебот ја скршила

Vecer | 14.04.2021

ТАЖНО: Купила половно палто, пораката што ја нашла во џебот ја скршила

Жена од Њу Џерси во ’секнд хенд’ продавница си купила старо, ама мошне добро сочувано палто. Откао го пробала, сфатила дека одлично и стои, па без многу размислување го купила.

Но кога дошла дома и детално го разгледала во еден од џебовите нашла порака во која пишувало: „Закопајте ме во ова црвено палто.“

- Не знаев што да мислам. Почнав да плачам. Се прашував дали жената починала, па нејзините роднини го продале палтото не исполнувајќи и ја последната желба или, пак, сакала јас како нов купувач да бидам закопана во него, напишала жената на Фејсбук, а веста ја пренесува Мирор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk