Татко си пресудил, откако три часа го заборавил бебето во прегреан автомобил (ВИДЕО)

Таткото бил излезен со бебето кога се случила трагичната несреќа и откако го пронашол безживотното тело на детето во автомобилот, нешто пред пладне се вратил во својата куќа во округот Честерфилд.
Полицијата потоа примила неколку повици дека таткото на момчето рекол дека го оставил синот во автомобил дури три часа и дека бебето може да е мртво. Кога полицајците пристигнале, нашле автомобил на патеката со отворена задна врата и празно детско седиште. Во куќата го пронашле мртвото дете.
37-годишниот татко бил пронајден мртов во шумата зад куќата од прострелна рана. Не се соопштуваат ниту идентитетот на таткото ниту на момчето.
„Ова е ужасна трагедија на толку многу нивоа. Но, би било погрешно да не се искористи можноста за да им се порача на луѓето да разберат колку е важно да ги проверат нивните возила“, им рече на новинарите полицаецот Крис Хенсли.