logo
logo
logo

ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО:

Татко си го нашол синот после 58 години! Бил киднапиран кога имал 2 години

Vecer | 11.06.2021

Татко си го нашол синот после 58 години! Бил киднапиран кога имал 2 години

Кога Кинезот Фу имал две години бил киднапиран на железничка станица, а дури деновиве, после 58 години повторно си го нашол таткото Лу (90). Фу, кој сега има 60 години, со таткото се сретнал во градот Заожуанг, во источната провинција Шандонг, а лоалните власти го објавиле видеото од нивната трогателна средба.

Штом поминал низ вратата, Фу потрчал кон својот татко, го гушнал и во солзи паднал на колена.

Инаку, Лу исчезнал од железничката станица во дистриктот Суеченг во 1963 додека со таткото, кој го држел за рака, чекале воз. Во еден момент таткото го пуштил рачето на својот син и детето исчезнало. Се верува дека го киднапирале криумчари кои го одвеле во Шангај каде бил посвоен. Семејството го барало со години, но се било безуспешно.

Во 2015 секторот за јавна безбедност на Заожуанг покренала посебна постапка за овој случај користејќи современа ДН анализа, а потрагата била проширена. На 1 јуни анализата покажала совпаѓање  и една недела подоцна, таткото и синот конечно се сретнале.

Фу рекол дека семејството кое го посвоило му кажало дека не е нивен биолошки син, но наводно ништо не знаеле за неговото минато. Киднапирањата деца инаку се голем проблем во Кина.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KZbvzEEMumc&t=17s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk