logo
logo
logo

Татко и' ја вовлекол во СЕКТА, па ја замразила мајка си: Никол Кидман пати по ќерката

Vecer | 31.05.2023

Татко и' ја вовлекол во СЕКТА, па ја замразила мајка си: Никол Кидман пати по ќерката

Том Круз и Никол Кидман од статусот на златна холивудска двојка преминаа на тоа дека не можат да бидат присутни на ист настан. Љубовта на Никол кон Круз скапо ја чинеше. Парот заедно помина 11 години брак, а за тоа време посвоија две деца, синот Конор и ќерката Изабела.

Кога холивудската двојка се разведе во 2001 година, пошироката јавност остана без зборови. Подоцна протекоа информации дека Скиентолошката црква била вклучена во нивниот брак и врска.

Во својата книга „A Billion Years: My Escape From a Life in the Highest Ranks of Scientology“, поранешниот висок член на Скиентолошката црква, Мајк Рајндер, откри дека Том Круз почнал да се повлекува од скиентологијата додека го снимал филмот од 1997 година „Очи широко затворени" со Никол - а тоа воопшто не им се допаднало на челниците на црквата.

Во овој поглед, тие направиле многу за да го одвојат актерот од неговата сопруга и да го вратат на скиентологијата.

 

Foto: Featureflash Photo Agency/Shutterstock

 

Водачите на црквата, пишува тој, биле загрижени за влијанието што Кидман го имала врз нивната најпозната ѕвезда и не е чудно што ги прислушувале нејзините телефонски разговори.

Сепак, најтешкиот и најболниот удар што успеаја да и го нанесат на холивудската актерка е индоктринацијата на нивните деца. „Ги зедоа под закрила“ и со теоријата на Л.Рон Хабард, за таканаречените супресивни личности, ги свртеа Изабела и Конор против нивната мајка. Според учењата на скиентологијата, супресивна личност е некој што се смета за непријател на црквата и мора да биде отстранет.

Кога Том и Никол се разведоа, Бела имаше осум години. Кидман потоа се преселила во Њујорк и таа и Том го делеле старателството над децата. На почетокот сè беше во ред, но Том почна да го посетува скиентолошкиот центар со децата. Во текот на 2004 година, Никол често била отсутна на снимање, а кога сакала да помине време со своите деца, тие често биле во кампот.

Веќе следната година полека започна разделбата на децата од Никол, а актерката се соочи со психички проблеми.

Кога си дојде на себе, децата веќе биле посветени на скиентологијата и толку се беа одалечиле од својата мајка што новата сопруга на Том, Кејти Холмс ја нарекуваа „мама“.

Никол немала нормален контакт со својата ќерка речиси 20 години, а не била ни гостинка на нејзината свадба во 2015 година.

"Свадбата беше скиентолошка церемонија. Никол не беше таму. Таа дури и не знаеше дека нејзината ќерка се мажи", изјавил тогаш извор за Њујорк пост.

Актерката Леа Ремини, која исто така ја напушти Скиентологијата, пишуваше за врската на Том и Изабела со Никол. Таа во својата книга „Troublemaker: Surviving Hollywood and Scientology“ опишала дека на свадбата на Том Круз и Кејти Холмс се возела со неговите посвоени деца. Не зборувале многу за нивната мајка. Кога ги прашала, пишува Леа, дали се гледаат со Никол, Изабела кратко одговорила: „Не, ако имам избор. Нашата мајка е е*** супресивна личност“.

Каков е моменталниот однос на двајцата со мајка им, јавноста не и е познато, бидејќи и двајцата се прилично повлечени и не даваат често изјави и интервјуа, а Никол накратко проговори за нив во интервју за Сан во 2019 година.

„Мајчинството е патување. Ќе има неверојатни подеми и падови, без разлика дали сте биолошка мајка или не, сепак, она што му треба на детето е љубов. Тие ја избраа скиентологијата. Наша работа како родители е секогаш да им ја нудиме нашата безусловна љубов“, рече таа тогаш.

Една година подоцна, Изабела во ретко интервју откри дека редовно разговара со нејзината мајка, а сега и ја покажа својата поддршка во јавноста.

Имено, Никол сподели фотографии од финалето на серијата „Love And Death“ во која таа беше извршен продуцент, а на оваа објава меѓу првите реагираше Изабела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk