Рита Хејворт беше наречена „божица на љубовта“ во 1940-тите, а беше и најбараната пин-ап девојка и импресивна танчарка. Сепак, зад камерите и јавноста животот и бил пекол.

Rita Hejvort

Таа беше наречена првата принцеза на Холивуд. Рита Хејворт беше, навидум, нешто најблиску до вистинска жива Пепелашка. Во 40-тите, медиумите ја профилираа како провинцијалка која успеа да го оствари американскиот сон. Сепак, тоа беше далеку од вистината.

Родена е на 17 октомври 1918 година. Растејќи во семејство на танчари и забавувачи, Рита, чие вистинско име беше Маргарита Кармен Канчино, научила да оди, а потоа веднаш да танцува.

Нејзиниот дедо беше Антонио Касино, шпанскиот танчар заслужен за популаризација на болерото во САД. Таткото, роден во Шпанија, Едуардо Касино исто така бил истакнат танчар кој го преселил семејството во Холивуд за да може да им држи часови по танцување на ѕвездите. Мајката Волга била дел од групата за танцување и пеење „Ziegfeld Follies“.

За време на Големата депресија, или економската криза, Едуардо останал без клиенти, па решил да ја искористи својата ќерка за да заработи пари. Кога наполнила 12 години, Маргарита била танцова партнерка на нејзиниот татко, а дуото настапувало под името „The Dancing Cansinos“.

 

Rita Hejvort

 

На Маргарита, која изгледала постаро од што била, не и било дозволено да настапува во американските клубови, па танцувала со својот татко во зачадени казина во Тихуана, Мексико. Сите ги сметале за маж и жена, а на Едуардо тоа не му пречело.

Маргарита го презирала својот татко. Освен што ја тепал и ја терал да вежба со часови и часови исцрпувачки танц, тој сексуално ја злоставувал речиси секој ден. Шокантен детал на авторката на биографијата на Рита, Барбара Лиминг, и открил нејзиниот втор сопруг, режисерот и писател Орсон Велс.

– Едуардо ја силувал попладнето и танцувал со неа навечер, напишала Лиминг.

За време на еден од настапите во Тихуана, Маргарита Кармен била забележана од продуцентот на филмското студио Фокс. Ја повикал на аудиција, а веднаш потоа и понудил договор со студиото на шест месеци. Маргарита, тогаш вистинска латино девојка со темна коса и очи, добивала само помали улоги и останала незабележана. Нејзиниот договор не бил обновен, а Маргарита морала да се врати на животот со нејзиниот татко.

Ја добила својата шанса да избега кога, како 18-годишна, го запознала бизнисменот Едвард Џадсон, кој во тоа време имал 41 година. Едвард веднаш видел во Маргарита можност да заработи пари и ја однел во Лас Вегас. На наивната и млада Рита ѝ се допаднал на Едвард затоа што мислела дека тој навистина сака да и помогне во нејзината кариера.

 

Rita Hejvort

 

Набрзо се венчале, но биле далеку од среќна брачна двојка. Џадсон, која ја презел функцијата нејзин менаџер, наводно ја „позајмувал“ на влијателни бизнисмени за да ја направат ѕвезда.

Во 1937 година, Маргарита потпишала договор со студиото Columbia Pictures. Отпрвин, таа била избрана за помали улоги, главно „егзотични“ танчарки. Набрзо сфатиле дека можат да ја направат холивудска ѕвезда само ако се ослободат од нејзиниот „латино“ изглед. Маргарита го променила своето име во Рита и го зела британското моминско презиме на нејзината мајка. Темните локни ги заменила со огнена црвена коса, а за секоја пригода била гламурозно облечена. Ослабела и почнала со часови по глума, а набрзо „паднале“ и првите насловни страници. Медиумите брзо се заљубиле во неа бидејќи таа не се криела од фотографите, за разлика од другите диви од тоа време.

Во 1940 година, „новата“ Рита почнала да се појавува во филмови со познати имиња како Кери Грант и Џоан Крафорд. Првиот вистински хит го добила следната година, со улога во филмот „Strawberry Blond“, а потоа го снимила „Blood and Sand“. Колку таа станувала поуспешна, толку повеќе Едвард се плашел дека ќе го остави и се заканувал дека ќе ја полие со киселина и ќе и го уништи лицето.

 

Rita Hejvort

 

Но, Рита ги обистинила стравовите на Џадсон и поднела барање за развод во 1942 година, наведувајќи ја „суровоста“. Во случајот за развод, таа му ја предала целата заработка на Едвард само за да се ослободи од него.

Наскоро го запознала својот втор сопруг, режисерот и писател Орсон Велс, кој се заљубил во сензуалната Рита кога ја видел нејзината фотографија во едно списание. Двојката се венчала, а Рита го родила нивното прво дете, ќерката Ребека. Во тоа време таа веќе била една од најпрофитабилните холивудски ѕвезди, а нејзиниот талент за танцување оставал без зборови дури и великани како Фред Астер, со кој глумела во два филма. Медиумите необичната двојка ја нарекоа „Убавица и мозок“.

Од 1944 до 1947 година, Рита била „it girl“. Нејзините фотографии и филмови биле најпопуларни меѓу американските војници кои се бореле во Втората светска војна. Нејзината популарност во тоа време била верно прикажана во филмот „Shawshank Redemption“.

 

Rita Hejvort

 

Американската војска била толку маѓепсана од улогата на Рита во филмот „Гилда“ што токму нејзината фотографија се појавила на атомската бомба фрлена на американска почва за тестирање во 1946 година.

Се се чинело идеално, но Орсон набрзо сфатил дека Рита е само „фатална“ на големото платно, додека во реалниот живот е несигурна и посесивна. Во првите две години од нивниот брак, режисерот ја изневерувал со неколку жени, меѓу кои и Џуди Гарланд. На Велс почнала да му пречи нејзината, како што рекол, експлозивна природа. Во моментите на гнев, таа кршела сè во куќата. Според режисерот, таа никогаш не му се лутела нему, туку на родителите.

Нивниот брак пропаѓал, а Рита среќата ја барала во бројни кратки афери, вклучувајќи ја и онаа со индустријалецот Хауард Хјуз, со кој останала бремена. Решила да отпатува во Европа и таму да абортира.

Скандалозна свадба

Во Кан во 1968 година, таа го запознала принцот Али Кан, син на султанот Мухамед Шах, водачот на исламистичката секта. Принцот бил познат како голем заводник, а Рита веднаш паднала на неговиот шарм. Веќе следната година, парот се венчал, а нивната венчавка била прогласена за контроверзна бидејќи Рита, технички, сè уште била во брак со Велс. Поради „аферата“ дел од публиката ги бојкотирала нејзините филмови, но спектакуларната венчавка го одбележа и создавањето на „првата холивудска принцеза“.

 

Rita Hejvort

 

Кон крајот на годината, Рита го родила нивното единствено дете, ќерката принцеза по име Јасмин Ага Кан. Животниот стил што го водел Кан во Европа не и се допаднал на актерката, а таа не можела ни да научи француски. За време на нивниот брак, Рита била толку посесивна што ќе имала напади на паника кога Али ќе отишол на фризер. Но, со право се плашела бидејќи, се шпекулирало, дека Али ја изневерува на сите страни.

Рита решила да се врати во САД со своите ќерки во 1951 година, а две години подоцна и официјално завршил бракот со Али. Колапсот на нејзиниот брак ја дотолчил, и иако се вратила на филмот, почнала да пие повеќе од кога било. Тогаш кулминирала нејзината долгогодишна расправија со шефот на нејзиното филмско студио, бидејќи таа ги одбивала улогите и се заканувала со тужби. Нејзините познаници забележале дека таа почнала да се однесува самоуништувачки.

 

Rita Hejvort

Нејзините последни два брака биле „зачинети“ со жестоки расправии и физички пресметки во јавност. Пејачот Дик Хејмс ја запознал Рита кога неговата кариера пропаѓала и бил длабоко во долгови.

Хејмс бил познат во инсајдерските кругови како „Господин Зло“.

Пејачот наводно физички ја малтретирал Рита, а во една прилика и удрил шлаканица во популарен клуб во Лос Анџелес, што воедно било и крај на нивниот двегодишен брак. Според наредбите на лекарот, Хејворт ги поминала следните неколку дена во кревет за да се опорави. Тогаш 37-годишната Рита изгледала многу постаро, а брчките од екстремниот стрес и алкохолот ги криела под еден тон шминка.

Нејзиниот последен сопруг, продуцентот Џејмс Хил, на Рита и бил „последната капка“. Иако биле во брак само три години, Хил психички ја малтретирал и и се заканувал на Рита, спротивставувајќи се на нејзината желба да престане да глуми во холивудските филмови. Хил ја третирал Рита како робинка, а за тоа сведочел Чарлтон Хестон, кој ја запознал двојката на вечера.

– И велеше додека не почна да плаче и да се тресе, раскажал актерот и додал дека никогаш нема да си прости што тогаш не и помогнал.

 

Rita Hejvort

 

Смрт од „мистериозна болест“

Познатата актерка почина во 1987 година на 69-годишна возраст од компликации предизвикани од Алцхајмерова болест, која и беше дијагностицирана седум години претходно. Нејзината ќерка Јасмин Ага Кан, која се грижела за Рита во последните години од животот, смета дека нејзината мајка почнала да добива симптоми многу порано, но во тоа време не се знаело многу за Алцхајмеровата болест.

Кога ќе ги заборавела своите дијалози, колегите и филмската екипа би помислиле дека се претерала со алкохол, но во реалноста тоа биле почетоците на нејзината болест.

Рита стана првата јавна личност за која се знае дека боледувала од Алцхајмерова болест.

 

Rita Hejvort