logo
logo
logo

Татко го користи бебето за да краде низ маркет, во еден момент го фаќа паника (ВИДЕО)

Vecer | 13.08.2022

Татко го користи бебето за да краде низ маркет, во еден момент го фаќа паника  (ВИДЕО)

Имено, на видеото на 7 Вести може да се види како маж ги става работите во количка за бебиња, го крева бебето и ги полни работите под него.

Може да се забележи и како се обидува да вметне GPS навигациски уред во количката, но кога неговото дете почнало да се жали, се испаничил и го сокрил во панталоните. Анонимен вработен во продавницата кој се соочил со таткото го изразил своето разочарување од чинот.

„Знам дека времињата се тешки... но не мора да одите толку далеку“, изјавил тој за 7 вести. Но, за жал, оваа кражба одразува растечки тренд во трговијата, сведочи вработен. „Се полошо и полошо“, вели работникот. „Во последните три месеци видовме дека количеството на украдена и изгубена стока е двојно, ако не и тројно зголемено“, открива тој.

„Тоа покажува под кој притисок се семејствата со деца; стапката на инфлација е толку висока“, рече тој. Податоците од јужноавстралиската полиција покажуваат дека кражбите во продавници се зголемиле за 30 отсто во изминатата година, додека сите други кражби се зголемени за седум отсто.

Директорот за стратешки совети на SA Housing Trust, Питер Сандеман, рече дека тоа покажува под каков  притисок се семејствата поради зголемените трошоци за живот, но нагласи дека криминалот не е решение.

„Тие прават глупави работи и ќе бидат фатени“, изјави тој за 7 вести. „Можеби само проголтајте ја гордоста и побарајте помош за да можете да го нахраните вашето семејство и да го направите тоа легално“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk