Taјните на женското либидо

Хормоналниот коктел за време на овулацијата буди силна сексуална желба кај жените, па во тој период се повеќе привлечени од мачо мажи, а самите стануваат поголеми заводнички и се посекси.

Иако живееме во време во кое се знае речиси сè, жените сепак се помалку збунети кога ќе дојдат деновите во кои чувствуваат необично силна сексуална желба. Со збунетоста често доаѓа и чувство на срам, бидејќи општеството сè уште гледа „чудно" кон жените со незауздана полова моќ. Токму затоа жените многу често се плашат од силата на нивната сексуална моќ, а некои, како што покажува едно истражување во Шпанија, мислат дека нешто не е во ред со нив. Но, вистинската вистина е дека сè е во ред, а силната сексуална желба е показател за нормалното функционирање на телото.

Овулација и хормони
Женското либидо се засилува за време на овулацијата - засилено се лачат естрогенот и прогестеронот, како и некои од групата на андрогени хормони. Хормоналниот микс е одговорен за засилената сексуална желба, а не делува само на телото, туку и на емоциите т.е. психата на жената, поради што во тој период дамите се похрабри, поотворени и попристапни.

Зголемувањето на либидото се очитува и во надворешниот изглед - во овој период, тие се поголеми заводнички, градите им се симетрични, кожата помазна, а бојата на тенот поубава.

Различен избор на мажи
Женскиот вкус се менува во плодните денови, кога нивното тело е „преземено" од инстинктите, па иако генерално дамите сакаат стабилни и смирени мажи кои се одликуваат со нежност, доверливост и топлина, во деновите на овулацијата ситуацијата се менува и им стануваат привлечни поодлучните и по малку арогантни мажи, високи и мускулести, народски познати како „мачо мажи".

Жените во плодните денови бараат мажи „хранители", односно оние кои (делуваат дека) можат да обезбедат покрив над глава и егзистенција за фамилијата - нешто што е резултат на генетските записи, т.е. „сеќавањето на инстинктите на претците" запишани во женските тела.

Сеќавање на поранешните љубовници
За време на овулацијата, сонувањето секс, а особено со поранешните љубовници е прилично честа појава кај жените. Најчесто го сонуваат оној љубовник со кој имале најдобар секс. Оваа појава знае да ги загрижи жените, но стручњаците велат дека тука нема ништо невообичаено, бидејќи и сонот е подложен на влијанијата на хормоните и другите физиолошки и психолошки процеси кои се одвиваат во женското тело. Сонувањето на поранешните сексуални партнери не е показател дека дамите се сè уште вљубени во нив,туку дека овие мажи имаат некои карактеристики кои им се привлечни на жените во овулација. Кога овулацијата ќе заврши и женското либидо ќе ослабне, повторно на врвот на листата на посакувани мажи се стабилните и предани мажи.

Значи, засиленото либидо е сосема нормално во овој период и жените во овој период немаат никаква причина за загриженост. Иако делувањето на хормоните може да биде силно, дури и до таа мера „да ги присилува" жените на нерационално однесување, сепак станува збор за процеси кои може да бидат контролирани. Наместо на тоа да се гледа како на неприфатлива и „срамна" појава, жентие би требало да бидат благодарни поради спознанието дека нивното тело функционира - совршено.

Поврзани

Најнови вести

Коментари