Од своја рана возраст, Алберт Френсис Сони Капоне се трудел да остане што подалеку од сенката на својот татко. Тој се школувал, завршил факултет но бегството му успеало откако го сменил своето име и презиме.

Кога пензионерот Алберт од Калифорнија во 2004та година починал, неговите соседи биле во шок бидејќи тогаш сфатиле всушност кој е навистина нивниот сосед. 85 годишниот сосед кој го знаеле како Алберт Франсис Браун всушност бил Алберт Франсис Капоне, или познат во јавноста како Сони.

Имено синот на познатиот мафијаш Ал Капоне можел лесно да стане принцот на мафијата. но тој одбрал друг поразличен живот.

Алберт е роден на 4ти декември 1918 година во Њујорк и од тој ден неговиот живот е мистерија за јавноста.

-Не сакам да ме убијат на улица. Имам син. Јас го сакам тоа дете, велел Ал Капоне.

Сепак неговиот син Сони, секогаш се трудел да се огради од татковите мрачни зделки. Во пријавата која ја пополнувал за на факултет тој напишал дека неговиот татко е пензионер, иако во тој момент Ал Капоне бил во затвор.

Бил продавач на автомобили, заедно со својата мајка работел во ресторани, а продавал и гуми за автомобили. Единствено што не бил е мафијаш.

Во 1965 година полицијата го уапсила и тоа за мал злочин – имено Сони украл две шишенца аспири и неколку батерии. Добил две години условна казна.

Веднаш по апсењето, тој го менува презимето во Браун, а според сведоштвото на неговиот адвокат тој тоа го направил бидејќи бил уморен од презимето Капоне.

Тој се сели во Калифорнија и од тогаш никој не слушнал ништо за него. Живеел мирен живот далеку од очите на јавноста. Умрел во кругот на семејството, во прегратките на својата жена и четирите ќерки во 85та година.