Тајниот агент кој го чувал Трамп ненадејно починал

Американскиот агент на тајната служба починал откако доживеал мозочен удар за време на пресојот на претседателот на САД Доналд Трамп на неговиот голф терен во Шкотска.

Како што пишува британскиот "Гардијан", агентот со 19 години искуство во службата бил во Шкотска каде што работел на обезбедување на американскиот претседател, кога во неделата ненадејно се срушил. Префрлен е во најблиската болница и сместен на интензивна нега, каде што дошле членови на неговото потесно семејство.

Тајната служба на САД ја потврдиле неговата смрт, а во соопштението го опишале како "посветен професионалец на највисоко ниво".

-Тајната служба се заблагодарува на медицинскиот персонал и полицијата во Шкотска и лекарскиот персонал во Белата куќа, кои пружиле голема нега на членот на нашето семејство – се наведува во сопштението.

Неговото име не е објавено како би ја заштитиле приватноста на неговото семејство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари