logo
logo
logo

Тајни телеграми откриваат мрачна тајна за Титаник: Каде исчезнале телата на сиромашните патници?

Vecer | 25.06.2021

Тајни телеграми откриваат мрачна тајна за Титаник: Каде исчезнале телата на сиромашните патници?

Строго доверливи телеграми за трагедијата на бродот Титаник се чувале во тајност цели 107 години.

Познатиот брод Титаник потона во далечната 1912 година, но иако се поминати повеќе од 100 години сепак бројните детали никогаш до крај не беа објавени, откриени или објаснети. Поради тоа и многу научници и истражувачи ги интересира токму оваа бродска несреќа.

Особено голем интерес се појавува за прашањето каде исчезнале телата на починатите патници на Титаник?

Титаник потонал на 740 км од најблиското копно, а првото спасувачко пловило стигнало саат ипол по потонувањрто. Температурата на водата изнесувала 2.2 степени Целзиусови – температура на која човек може да преживее само 15 минути.

И додека повеќе од 60% од патниците од првата класа успеале да се спасат, најмногу настрадале оние од најдолните слоеви за кого немало доволно место на спасувачките чамци. Во несреќата настрадале 1517 патници и членови на екипажот, меѓутоа до неодамна не се знаело точно што се случило со телата на починатите. Телеграмите откриваат дека капетанот на спасувачките бродови, Мекеј Бенет сакал да ги извлече сите тела од водата.

Меѓутоа кога увидол дека во неговиот брод немало ни близу доволно место донел скандалозна одлука – сите тела на сиромашните патници се фрлени во море додека пак извлечени се само телата на богатите.

Тогаш се сметало дека богатите имаат поголеми права на достоинствен погреб од сиромашните. Кај оние тела каде што е најдено пари, накит и останати вредни предмети се извлечени додека пак оние на сиромашните се фрлени во студениот океан. Доколку телеграмите не биле откриени, оваа мрачна тајна засекогаш ќе останела во дното на океанот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk