logo
logo
logo

ТАЕН СИГНАЛ се шири на социјалните мрежи: Ако ЖЕНА ви го упати овој ЗНАК, еве зошто МОРА да знаете што ЗНАЧИ (видео)

Vecer | 14.03.2021

ТАЕН СИГНАЛ се шири на социјалните мрежи: Ако ЖЕНА ви го упати овој ЗНАК, еве зошто МОРА  да знаете што ЗНАЧИ (видео)

Канадска женска фондација развила едноставен сигнал со кој жртвите во повеќе случаи можат лесно да сигнализираат дека се во опасност и дека им е потребна помош.

Веќе е пишувано за тоа дека жените се жртви на семејно насилство а се во уште поголема опасност сега кога движењето поради пандемија за сите е отежнато. Поради тоа, жените во ваква ситуација се загрозени повеќе од било кога и без можност некаде да се засолнат.

Сигналот која оваа фондација го смислила лесно се дава и е забележлив. Се изведува така што жртвата прво ја подига дланката, потоа го свиткува палецот а потоа формира тупаница. Тоа е универзален знак за повик на помош каде што жртвата дискретно може да побара интервенција.

Клипот во кој се покажува изведување на овој знак е вирален на сите платформи.

Андре Гунрај, потпретседателка на оваа фондација објаснила како да се реагира доколку жртвата на овој начин се обрати за помош.

- Јас, доколку добијам таков сигнал, би пратила порака, мејл или би ја повикала личноста. Важно да сторете се што е во ваша можност жртвата не ја доведете во опасност, насилникот да не виде дека нешто се случува. При тоа добро е доколку жртвата је повикате на телефон, поставувајте прашања на кои може да одговори само со “да“ или “не“ во случај насилникот да слуша – заклучила Анреа.

Start at

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk