logo
logo
logo

Таа има 81 година, тој 36 и ОТКРИВААТ ШТО ЗНАЧИ ЗА НИВ ЉУБОВ

Vecer | 29.11.2021

Таа има 81 година, тој 36  и ОТКРИВААТ ШТО ЗНАЧИ ЗА НИВ ЉУБОВ

Ајрис Џонс (81) од Велика Британија се омажи за Мохамед Ахмед Ибрихам (36) во ноември минатата година, откако го запозна на Фејсбук во 2019 година.

Таа отиде кај Мохамед во Египет за парот да може да се запознае за прв пат и да се венча, а оттогаш Ајрис редовно му изразува љубов на својот маж преку социјалните мрежи, пишува The Sun.

Во објава на Фејсбук, Ајрис откри што значи љубов за неа и даде увид во нејзиниот соживот со Мохамед.

„Љубов е кога саканиот ќе ти ги исече ноктите. Кога саканиот ќе те однесе на вториот кат кога ќе се расипе лифтот. Љубов е кога оној што го сакаш спие на подот во болницата и одбива да те остави додека се опоравуваш од падот. Кога без мака ја слуша мојата поплака за жештините во Египет“, напиша таа во својата објава.

На крајот од објавата таа додаде дека трпението, разбирањето, решителноста, грижата и вниманието на Мохамед кон неа се токму причината зошто таа толку многу го сака.

Ајрис се развела од поранешниот сопруг пред четириесет години, а со него има два сина кои на почетокот беа скептични за нејзината врска со Мохамед, но Ајрис вели дека се предомислиле откако го запознале.

Иако се венчаа, Ајрис и Мохамед биле принудени да се разделат оваа пролет, бидејќи Ајрис се бореше да обезбеди виза за нејзиниот сопружник за да можат да живеат заедно.

На Мохамед, кој е 45 години помлад од Ајрис, оваа разделба му е тешка, но тој е благодарен што воопшто ја запознал сопругата.

- Бев многу нервозен, но во моментот кога ја погледнав, знаев дека тоа е вистинска љубов. Многу сум среќен маж што најдов ваква жена – рекол тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk